Ждрепка за Европското првенство 2019 (Франција, Словенија, Белгија, Холандија)

Силна и интригантна група за македонските одбојкари

 

Македонските одбојкари добија силна и интригантна група во дебитантскиот настап на континенталните собири. На претстојното Европско првенство, нашата репрезентација ќе игра во групата „Це“ во Љубљана, заедно со Словенија, со бранителот на тронот Русија, со Финска, со Турција и со Белорусија. Шампионатот од 12-ти до 29-ти септември ќе биде со проширен формат, а според два параметра е историски. ЦЕВ одлучи на него да играат 24 репрезентации, а првпат коорганизатори ќе бидат четири земји. Според денешната ждрепка во Брисел, во групата „А“ во Франција, покрај „триколорите“, ќе играат и Италија, Бугарија, Португалија, Грција и Романија, во групата „Бе“ со кодомаќинот Белгија ќе бидат и Србија, Германија, Словачка, Шпанија и Австрија, а во групата „Де“ во Холандија заедно со „лалињата“ ќе се надмудруваат Полска, Чешка, Естонија, Украина и Црна Гора. Првите четири национални тима ќе обезбедат учество во осминафиналето. Премиерниот настап на европските првенства „црвено-жолтите“ го обезбедија како една од петте второпласирани селекции во седумте квалификациски групи. Дебитант на континенталните собири е и  Црна Гора.

Start a Conversation

Your email address will not be published. Required fields are marked *