Јубилејно 20-то годишно собрание на Балканската одбојкарска асоцијација (БВА)

Романецот Висан е нов претседател, а во годишната програма ќе има десет настани

 

Во Будва викендов се одржува редовното годишно собрание на Балканската одбојкарска асоцијација, чијашто членка е и Одбојкарската федерација на Македонија (ОФМ). Претставниците на одбојката од регионот го одредија календарот на натпреварувања за 2019-та и го избраа претседателот на Романската федерација, Георге Висан, за прв човек на БВА во наредниот период. Досега таа финкција ја извршуваше претседателот на Одбојкарскиот сојуз на Црна Гора Цветко Пајковиќ.

Годишната програма ќе содржи вкупно десет настани. Албанија ќе биде домаќин на Балканското првенство во машка конкуренција за играчи до 20 години, коешто важи за најатрактивно натпреварување, Србија ќе го организира собирот за одбојкари до 18 години, додека, пак, во Бугарија ќе се натпреваруваат играчите до 17-годишна возраст.

Кога станува збор за одбојката во сала, во женска конкуренција исто така ќе има три манифестации. Одбојкарките до 19 години ќе се надмудруваат за балканската титула во Турција, репрезентациите до 17 години ќе се соберат во Босна и Херцеговина, а националните тимови за одбојкарки до 16 години ќе играат во Србија.

БВА го одреди домаќинот и на балкканските првенства во одбојка на песок. Првивилегијата и обврската му припадна на Косово и тоа во две категории, за играчи до 22 и за играчи до 20 години. Вообичаено, ќе има и таканаречени „фестивали за деца“ (Balkan kids festival – boys/girls), а организатор и во машка и во женска конкуренција ќе биде Србија.

На генералното собрание во Будва, Одбојкарската федерација на Мaкедонија ја претставуваат претседателот Петар Јовановски и генералниот секретар Зоран Карановиќ.

Наредната седница на Балканската одбојкарска асоцијација ќе биде одржана во Букурешт на 21-ви декември годинава.

Start a Conversation

Your email address will not be published. Required fields are marked *