Познат е календарот за втората фаза во натпреварувачката 2018/2019

Пролетниот дел од сезоната ќе трае повеќе од три месеци

 

Одбојкарската сезона кај нас, според вкупниот број натпревари во првенството и во купот, не е ниту до половина. Битката за титулите ќе продолжи на 16-ти февруари, а во вкупно десет викенд термини завршувајќи со 20-ти април, се планирани десетте кола од вториот дел од сезоната. Според правилата за натпреварување, најдобите шест екипи во двете конкуренции ќе се соочат според принципот „секој со секого дома и на гости“, со напомена дека важат бодовите од есенскиот сегмент. Тоа значи дека секоја екипа ќе одигра по десет средби пред првопласираните четири да се пласираат во разигрувањето коешто е планирано за периодот од 8-ми до 24-ти мај. Тимовите коишто во есенскиот дел се пласираа од 7-то до 10-тото место во машка конкуренција, односно од 7-то до 11-тото место кај дамите, исто така ќе играат по два натпревара меѓусебе, по што ќе биде одреден нивниот конечен пласман во сезоната 2018-та/2019-та. Финалните мечеви од одбојкарскиот куп се планирани од трети до петти мај, а претходно ќе има пет термини в среда за одредување на финалистите.

Start a Conversation

Your email address will not be published. Required fields are marked *