Одбојкарски куп на Македонија – четвртфинале (први натпрвари) – преглед

Шутова и Работнички – Жени со една нога влегоа во престижниот квартет

 

Купот е натпреварување за изненадувања, но во нашиот одбојкарски, барем засега, фаворитите ги оправдуваат очекувањата. Шутова убедливо ја совлада Весна Пробиштип со 3:0 во нивниот првиот четвртфинален дуел, иако се очекуваше да има поголем отпор од гостинската екипа којашто во првиот сет освои само седум поени. Реваншот на 13-ти март на пробиштипјани се уште им овозможува да се надеваат дека можат на направат пресврт, но според сите параметри тоа е тешко остварлива мисија. За да игра полуфинале, домаќинот на возвратната пресметка треба да победи со 3:0, а потоа да го добие и таканаречениот „златен“ сет до 15 поени. На сите три пресметки сезонава Шутова славеше со минимален број сетови, па и тоа е показател дека кичевци се речиси меѓу четирите.

Формален карактер ќе има и реваншот во женскиот куп меѓу УГД Студент – Жени и Работнички – Жени. Водечкиот состав во нашето првенство, којшто досега нема пораз сезонава, се радуваше на гости во Штип со 3:0 во првата четвртфинална средба од купот, така што шансите на УГД Студент – Жени постојат само на хартија. Работнички – Скопје и Пелистер волеј, исто така, остварија гостински победи во оваа фаза, а единствено интересен ќе биде реваншот меѓу Наковски волеј и Јанта волеј, откако на првиот меч скопскиот тим триумфираше со 3:2.

 

Двојки мажи:

УГД Студент – Џио Струмица 0:3 (18:25, 11:25, 18:25)


Шутова – Весна Пробиштип 3:0 (25:7, 25:20, 25:18)


Јанта волеј – Вардар (денеска, 18.00)


Лирија – Универзитет во Тетово (13.март, 18.00)

Двојки жени:

Јанта волеј – Наковски волеј 3:2 (25:18, 22:25, 20:25, 26:24, 15:12)


Универзитет во Тетово – Пелистер волеј 1:3 (23:25, 21:25, 25:13, 11:25)


Виктори волеј – Работнички Скопје 0:3 (20:25, 18:25, 19:25)


УГД Студент Жени – Работнички Жени 0:3 (17:25, 15:25, 18:25)

Start a Conversation

Your email address will not be published. Required fields are marked *