Одбојкарски куп на Македонија – четвртфинале (реванши)

Наковски волеј и Јанта волеј во неизвесна битка, а на фаворитите им е потребна рутинска игра

 

Според резултатите од првите натпревари и квалитетот на екипите, ревашните од четвртфиналето на одбојкарскиот куп на Македонија не би требало да донесат драматика. Во машка конкуренција, бранителот на ланската титула, Џио Струмица, како и Шутова и Вардар, остварија победи од 3:0 во првите натпревари, така што нивните противници ќе имаат тешка задача да направат пресврт. Дерби карактер треба да има мечот меѓу Весна Пробиштип и Шутова, но домаќинот е во лоша серија, а на кичевци им е потребен само еден сет за да го потврдат пласманот во полуфиналето. Локалните ривали Универзитет во Тетово и Лирија решија двата натпревара од оваа фаза во купот да ги одиграат утре.

Кај дамите, најинтересно ќе биде на реваншот меѓу Наковски волеј и Јанта волеј в четврток. На првиот дуел во Скопје, актуелните првенки го искористија домашниот терен и победија со 3:2, а тој резултат им дава шанса и на струмичанки да се надеваат на место меѓу четирите најдобри. Во тој сегмент пласманот формално треба да го потврдат Работнички – Жени, Работнички – Скопје и Пелистер волеј.

Во случај резултатот од кој боло двомеч да е 1:1, а и сет-количникот да биде идентичен, според правилата, предвиден е дополнителен „златен“ сет до 15 поени.

 

ЧЕТВРТФИНАЛЕ МАЖИ (РЕВАНШИ)

Џио Струмица – УГД Студент (среда, 17.00)

Весна Пробиштип – Шутова (среда, 18.30)

Универзитет во Тетово – Лирија (среда, 19.00)

Вардар – Јанта волеј (четврток, 17.00)

ЧЕТВРТФИНАЛЕ (ПРВИ НАТПРЕВАРИ)

УГД Студент – Џио Струмица 0:3 (18:25, 11:25, 18:25)

Шутова – Весна Пробиштип 3:0 (25:7, 25:20, 25:18)

Јанта волеј – Вардар 0:3 (8:25, 16:25, 15:25)

Лирија – Универзитет во Тетово (среда, 13.март)

 

ЧЕТВРТФИНАЛЕ ЖЕНИ (РЕВАНШИ):

Наковски волеј – Јанта волеј (четврток, 19.00)


Пелистер волеј – Универзитет во Тетово (среда, 19.30)


Работнички Скопје – Виктори волеј (среда, 16.30)


Работнички Жени – УГД Студент Жени (среда, 16.00)

ЧЕТВРТФИНАЛЕ (ПРВИ НАТПРЕВАРИ)

Јанта волеј – Наковски волеј 3:2 (25:18, 22:25, 20:25, 26:24, 15:12)


Универзитет во Тетово – Пелистер волеј 1:3 (23:25, 21:25, 25:13, 11:25)


Виктори волеј – Работнички Скопје 0:3 (20:25, 18:25, 19:25)


УГД Студент Жени – Работнички Жени 0:3 (17:25, 15:25, 18:25)

Start a Conversation

Your email address will not be published. Required fields are marked *