Одбојкарски куп на Македонија – четвртфинале (реванши)

 

Без изненадувања, фаворитите се пласираа во следниот натпреварувачки круг

 

Џио Струмица, Универзитет во Тетово и Шутова обезбедија полуфинале во коешто многу веројатно е да биде и Вардар. Тоа значи дека четирите најдобри екипи од шампионатот влегоа во завршна трка и за куп-пехарот. Кај дамите е нешто поинаку затоа што Пелистер волеј обезбеди полуфинале, а во лигата е шестопласиран. Работнички – Скопје исто така е меѓу четирите, јасно е дека во тоа друштво ќе бидат и одбојкарките на Работнички – Жени, а голема битка би требало да има на денешниот реванш меѓу Наковски волеј и Јанта волеј

 

Се беше според очекувањата во досегашните реванши од четвртфиналето на одбојкарскиот куп на Македонија. Бранителот на ланската титула, Џио Струмица, вторпат славеше над УГД Студент со 3:0, Шутова уште по првиот сет ги реши сите дилеми на гостувањето кај Весна Пробиштип, а Универзитет во Тетово лесно ја претвори квалитативната играчка во резултатска доминација во локалното дерби со Лирија. Со оглед дека на првиот натпревар против Јанта волеј победи со 3:0 на гостински терен, денеска останува Вардар пред своја публика да го формализира пласманот во полуфиналето.

Во женска конкуренција, откако минатата недела славеа на теренот на противникот, Работнички Скопје и Пелистер волеј рутински ја одработеа задачата во четвртфиналните реванши. Екипата од главниот град не загуби сет во двомечот со Виктори волеј, а битолчанки со сет-количник 6-1 го елиминираа Универзитет во Тетово. Поради квалитетот и резултатот од првата средба, формален карактер ќе има пресметката на Работнички – Жени и на УГД Студент, а од сите двојки во двете конкуренции, незивесност носи само соочувањето на Наковски волеј и на Јанта волеј. Во Скопје Јанта волеј победи со 3:2.

 

ЧЕТВРТФИНАЛЕ МАЖИ (РЕВАНШИ)

Џио Струмица – УГД Студент 3:0 (25:12, 25:16, 25:14)


Весна Пробиштип – Шутова 1:3 (14:25, 25:21, 21:25, 17:25)


Универзитет во Тетово – Лирија 3:0 (25:21, 25:23, 25:17)


Вардар – Јанта волеј (денеска, 17.00)

ЧЕТВРТФИНАЛЕ (ПРВИ НАТПРЕВАРИ)

УГД Студент – Џио Струмица 0:3 (18:25, 11:25, 18:25)


Шутова – Весна Пробиштип 3:0 (25:7, 25:20, 25:18)


Јанта волеј – Вардар 0:3 (8:25, 16:25, 15:25)


Лирија – Универзитет во Тетово 0:3 (14:25, 13:25, 15:25)

 

ЧЕТВРТФИНАЛЕ ЖЕНИ (РЕВАНШИ):

Наковски волеј – Јанта волеј (денеска, 19.00)


Пелистер волеј – Универзитет во Тетово 3:0 (25:9, 25:14, 25:19)


Работнички Скопје – Виктори волеј 3:0 (25:15, 25:14, 25:8)


Работнички Жени – УГД Студент Жени (денеска, 20.15)

ЧЕТВРТФИНАЛЕ (ПРВИ НАТПРЕВАРИ)

Јанта волеј – Наковски волеј 3:2 (25:18, 22:25, 20:25, 26:24, 15:12)


Универзитет во Тетово – Пелистер волеј 1:3 (23:25, 21:25, 25:13, 11:25)


Виктори волеј – Работнички Скопје 0:3 (20:25, 18:25, 19:25)


УГД Студент Жени – Работнички Жени 0:3 (17:25, 15:25, 18:25)

Start a Conversation

Your email address will not be published. Required fields are marked *