Одбојкарско првенство на Македонија – полуфинале

 

Почнува најтесната битка за тронот

 

Две победи, најмногу три натпревари! Најдобрите четири екипи во двете конкуренции влегуваат во завршниот круг од трката за пехарите во одвојкарското првенство на македонија. Откако го одбранија ланскиот куп-трон, одбојкарите на Џио Струмица ќе се обидат да стигнат до седмата шампионска титула, а прва пречка до остварување на целта ќе им биде Вардар. Скопските црвено-црни сезонава немаат триумф во три пресметки со најдобрата екипа во лигата, а на денешниот натпревар од 19 часот во салата “Парк” ќе играат на гостински терен. Победникот од овој натпревар ќе има шанса да го завери пласманот во финалето претстојниот викенд, на вториот меѓусебен дуел во серијата до три победи. Во спротивно, ќе има уште едно соочување во Струмица. Актуелниот првак е фаворит на хартија, исто како и Шутова во полуфиналето со Универзитет во Тетово. Кичевци завршија трети по двете фази во основниот тек од сезоната, но во меѓусебните дуели пролетва двапати го совладаа ривалот. Повредата на примачот Генов е уште еден аргумент на страната на Шутова, чијашто цел е повторување на успехот од 2016-та кога ја освои единствената шампионска титула во клупската историја. Тетовци го загубија куп-финалето со Џио Струмица, па за нив првенството е втора шанса за премиерна клупска титула. Средбата во Тетово е закажана од 20.30.

 

Кај дамите, во реприза на финалето од купот, Работнички Скопје ќе го пречека Наковски Волеј од 16.30. Тимот од главниот град беше второпласиран во основниот тек и ги доби сите меѓусебни соочувања, вклучително и финалето во купот на гостински терен. Оттука, може да се смета дека Работнички Скопје е фаворит во пресрет на полуфиналната серија до две победи. Во таква улога е и составот на Работнички Жени против Јанта Волеј. Низата на првопласираниот и на четвртопласираниот тим во лигата ќе почне утре, а Работнички Жени, којшто има само еден лигашки, а вкупно само два пораза сезонава, ќе ја истрча на домашниот терен во првиот натпревар. Актуелните шампионки од Јанта Волеј ќе играат пред своја публика на реваншот наредниот викенд. Сите досегашни средби на овие две екипи му припаднаа на лидерот во шампионатот – Работнички Жени.

Start a Conversation

Your email address will not be published. Required fields are marked *