Одбојкарско првенство на Македонија – полуфинале (први натпревари)

 

Голема победа на Шутова, Џио Струмица и Работнички Скопје го одбранија домашниот терен

 

Одбојкарите на Џио Струмица загубија сет, но ја задржаа превласта во сезонските дуели со Вардар, а со тоа поведоа со 1-0 во полуфиналната серија до три победи во разигрувањето за титулата во нашата Прва одбојкарска лига. Бранителот на ланскиот шампионски трон почна силно пред своја публика и го доби првиот сет со 25:16, со што ја најави четвртата победа против ривалот сезонава. И покрај тоа што вардарци беа резултатски блиску во наредните три сета (25:22, 22:25, 25:23), сепак не успеаја да ја анулираат предноста на домашниот терен што ја има актуелниот освојувач на купот и бранител на ланската двојна круна. Доколку успее да победи на реваншот во Скопје в сабота, шесткратниот шампион Џио Струмица ќе се пласира во финалето.

 

Таква голема шанса има Шутова која беше убедлива на гостувањето кај Универзитет во Тетово со 3-0 (17:25, 22:25, 18:25), а со тоа ја поништи предноста на противникот од настап на во својата сала во евентуална мајсторка. Македонскиот првак од 2016-та беше доминантен и третпат пролетва славеше над тетовци кои беа финалисти во купот. Доколку победи пред домашна публика викендов, Шутова ќе обезбеди настап во финалето иако беше третопласирана, наспроти второто освоено место на Универзитет во Тетово по основниот тек пд сезоната.

 

Кај дамите, Работнички Скопје се радуваше над Наковски волеј со 3-1 (25:21, 26:24, 17:25, 25:18) во репризата на неодамнешното куп-финале, а со тоа го одржа стопроцентниот ефект во меѓусебните дуели сезонава. Струмичката екипа ќе се обиде да триумфира во својата сала на наредниот натпревар и со тоа да се избори за мајсторка во Скопје, а целта на освојувачот на пехарот во купот е да обезбеди финале со што помалку натпревари, односно да ја заврши низата со 2-0 во победи.

 

Во другото полуфинале, водечкиот состав на табелата, Работнички Жени, од 20 часот и 30 минути ќе му биде домаќин на актуелниот првак Јанта волеј. Сезонава, Јанта волеј нема победа над тимот на Работнички Жени којшто досега претрпе само два пораза во сите конкуренции сезонава.

Start a Conversation

Your email address will not be published. Required fields are marked *