Одбојкарско првенство на Македонија – полуфинале (први натпревари)

 

Лидерот по основниот тек тргна силно во разигрувањето

 

Одбојкарките на Работнички Жени остварија сигурна победа од 3-0 (25:18, 25:13, 25:22) над Јанта волеј во првото соочување во полуфиналето на нашата најквалитна женска одбојкарска лига. Резултатот посочува дека најдобрата екипа во двете фази од основниот тек од сезоната доминираше во натпреварот против актуелните првенки. Четвртиот триумф во меѓусебните дуели сезонава е уште една потврда за фаворитската улога на Работнички Жени против составот на Јанта волеј, кој ќе биде домаќин на вториот меч закажан за претстојниот викенд. Ако слави, тогаш ќе има мајсторка на теренот на Работнички Жени, а во спротивно, низата ќе заврши. Во другото полуфинале, тимот на Работнички Скопје во средата ја доби првата пресметка против Наковски волеј со 3-1 (25:21, 26:24, 17:25, 25:18).

 

Во машка конкуренција, актуелниот првак и освојувач на купот, Џио Струмица, води против Вардар со 1-0, исто како и Шутова, која оствари гостинска победа на првиот натпревар против Универзитет во Тетово.

Start a Conversation

Your email address will not be published. Required fields are marked *