„Играј одбојка, расти со неа“ – проект на ЦЕВ и на ОФМ

 

Повеќе од 50 дечиња од градот Велес ја почувствуваа одбојкарската убавина

 

Последните позитивни вибрации во македонската одбојка имаат влијание не само во професионалните спортски кругови, туку и кај обичните спортски вљубеници. Одбојката не само што стана тема за којашто се зборува се почесто, туку влезе и во фокусот на младите коишто се повеќе се интересираат да се запознаат со тајните и убавините што ги нуди оваа игра. Во тој контекст, проектот „Играј одбојка и расти со неа“(“Play volleyball, grow with it”), којшто го реализираат Европската одбојкарска конфедерација (ЦЕВ) и Одбојкарската федерација на Македонија, во градот Велес собра повеќе од 50 дечиња на училиштна возраст. На масовниот тренинг којшто траеше повеќе од четири часа, тие ги направија првите чекори во одбојката запознавајќи се со основните елементи на играта предводени од поранешните одбојкарки, а сега тренерки Емилија Терзиевска и Емилија Јаничиќ.

Првата епизода од проектот „Играј одбојка и расти со неа“ (“Play volleyball, grow with it”) во Скопје, како и втората во Велес, покажаа дека одбојката живее и дека не само што е традиција, туку може да биде и македонска спортска иднина.

Start a Conversation

Your email address will not be published. Required fields are marked *