Одбојкарски првенство на Македонија – финале (жени)

 

Работнички Скопје израмни, па за титулата ќе решава мајсторка

 

Драмата во женскиот одбојкарски шампионат продолжува откако во третиот финален натпревар во Првата лига, Работнички Скопје славеше над Работнички Жени со 3:0. По денешниот дуел, бројките во меѓусебните дуели се изедначени, па неизвесноста за тоа кој е најдобар тим за сезоната 2018/2019 ќе трае уште еден натпревар

 

Одбојкарките на Работнички Скопје го совладаа тимот на Работнички Жени и израмнија на 2-2 во победи во финалето на женскиот одбојкарски шампионат на Македонија. Сега во улога на домашна екипа, но повторно во салата на ОУ „11 Октомври“ каде што претходно на свој терен настапуваа ривалките, како и пред три дена, избраничките на тренерот Глигор Христов беа подобри во сите елменти на играта и триумфираа со 3:0 (25:16, 25:14 и 25:17). Сега билансот во финалната серија е 2-2, па за тоа кои одбојкарки ќе се закитат со епитетот првенки ќе решава мајсторка. На неа домаќин ќе биде составот на Работнички Жени којшто имаше најдобар биланс во основниот дел од сезоната, а во финалето влезе со почетна предност од 1-0 во победи како подобра екипа од двојката 1-4 во полуфиналето.

Вкупниот биланс во меѓусебните дуели досега во сезоната е 4-4, а Работнички Скопје беше поуспешен во полуфиналето во купот со таканаречен „златен сет“. Израмнетата битка за трофеите ќе продолжи со мајсторката за шампионскиот трон.

Start a Conversation

Your email address will not be published. Required fields are marked *