Одбојкарско првенство на Македонија – финале жени (мајсторка)

 

Двојна круна за екипата на Работнички Скопје

 

Одбојкарките на Работнички Скопје се нови шампионки во Првата лига. Во мајсторката од финалето одиграна вечерва во салата “Градски парк”, тие убедливо го совладаа составот на Работнички Жени со 3:0 (20:25, 15:25 и 13 5) и на тој начин ја добија серијата со 3-2 во победи.

Клучен момент на натпреварот беше повредата на техничарката на Работнички Жени, Марија Живковиќ, рано во првиот сет, по што избраничките на тренерот Горан Славков не можеа да парираат. Екипата на Работнички Скопје петтипат се радуваше во деветтиот меѓусебен дуел со ривалките, а со тоа ги обедини двата пехара со оглед дека претходно го крена и трофејот во купот.

Работнички Жени имаше најдобар биланс во основниот тек од сезоната, а како подобар тим од полуфиналната двојка 1-4, во финалната низа влезе со почетна предност од 1-0 во победи. Но ниту тоа, ниту позитивата од 2-0 остварена по првата средба не беше доволна за трофеј. Одбојкарките на тренерот Глигор Христов остварија три победи по ред во финалето и ја слават титулата.

Start a Conversation

Your email address will not be published. Required fields are marked *