Почнаа подготовките за ЕП 2019 (Белгија, Франција, Холандија Словенија)

 

Матијашевиќ прозиваше, од утре првиот тренинг

 

Нашите одбојкарски репрезентативци вечерва го означија почетокот на подготовките за Европското првенство во септември коешто за нас ќе биде историско поради тоа што првпат ќе играме на континенталните собири. Селекторот Никола Матијашевиќ смета на 18 играчи коишто се на поширокиот список за настап на самитот во Франција, во Словенија, во Белгија, во Холандија. Тоа е стандарден избор на оние што главно го издржаа товарот во квалификациите во коишто Македонија го оствари најголемиот одбојкарски успех.

Репрезентацијата ќе тренира во Скопје до 22-ри овој месец, потоа ќе има одмор до 14-ти јули, по што ќе работи непрекинато до почетокот на Европскиот шампионат. Во август ќе бидат одиграни пријателски натпревари со Романија и со Шведска, а со овие селекции ќе бидат одработувани и тренинзи. Традиционалниот турнир „Чајка“ ќе биде во функција на националниот состав, па на него Македонија ќе одигра три силни натпревари против Белгија, Бугарија и со Украина. Двомечот со Австрија на гостински терен ќе биде последна проверка на формата пред нашиот дебтитанскиот настап на европрвенствата. Во групата во Љубљана, на 12-ти септември ќе отвориме против Финска, во наредните два дена ќе сервираме со Турција и со актуелниот европски првак Русија, а по ден пауза, на 16-ти ќе се сретнеме со Белорусија и на 17-ти септември со коорганизаторот Словенија. Првите четири репрезентации ќе обезбедат пласман во осминафиналето.

Start a Conversation

Your email address will not be published. Required fields are marked *