Шесто издание на Балканскиот детски фестивал (Balkan Kids Festival)

 

Нашата одбојкарска иднина го покажа талентот во Нови Сад

 

Македонските одбојкарски надежи викендов настапија на Балканскиот детски фестивал (Balkan Kids Festival) којшто се одржа во Нови Сад, со мото „одбојката победува“. Шестото издание на оваа манифестација собра талентирани одбојкари родени во 2005-та и подцна, како и одбојкарки родени 2006-та и помлади, од вкупно шест земји: Македонија, Грција, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Молдавија и домаќинот Србија.

Во салата „Војводина“, нашата одбојка ја претставија: 

Пуздерски Филип – УГД Штип,
Андов Баже – Весна Пробиштип,
Арапов Ване – Џио Струмица,
Димовски Теодор – Вардар,
Тодоровски Андреј – Мастер волеј,
Николов Антонио – ГОК Борец,
Трајкова Ивана – Јанта волеј,
Трпеновска Ева – Пелистер ,
Исаевска Нина – Форца волеј,
Шулевски Алиса – Вардар,
Дојчинова Македонка – Наковски волеј,
Стојковиќ Ива – Јанта волеј,


Терзиевска Eма – тренер и 
Вујадиновиќ Денис – тим менаџер.

Покрај дружењето, македонските одбојкарски таленти постигнаа и солидни резултати остварувајќи шест победи на осум средби, иако тоа не беше во прв план на одбојкарскиот фестивал којшто понуди дружење и нацрта широки насмевки на детските лица. Сите учесници имаа ретка можност и привилегија да присуствуваат на два натпревара од елитната Лига на нации во машка конкуренција меѓу Јапонија и Русија, односно меѓу Србија и Франција.
Погледнете ја фотогалеријата…

Start a Conversation

Your email address will not be published. Required fields are marked *