Македонските одбојкари минуваат низ првата тренинг фаза за ЕП 2019

 

Љафтов пристигна, од примачите на подготовките се уште не е само Милков

 

Селекторот Никола Матијашевиќ работи со петнаесетмина од 18 одбојкари колку што се на поширокиот список за настап на Европското првенство во септември во Белгија, во Франција, во Холандија и во Словенија. На националниот состав му се приклучи Александар Љафтов, а отсутни се Милков, Јосифов и Николов.

Оваа тренинг-фаза ќе трае до 22-ри јуни, потоа одбојкарите ќе имаат тринеделен одмор, па повторно ќе се соберат на 14-ти јули. Во августовскиот термин се закажани пријателски натпревари со Шведска и со Романија, потоа ќе следи турнирот „Чајка“ со учество на Белгија, на Бугарија и на Украина, а пред Европското првенство репрезентацијата ќе се тестира и на двомеч со Австрија. Континенталниот собир ќе почне на 12-ти септември, за нас со натпревар против Финска, а во групата во Љубљана редоследно ќе играме и со Турција, со актуелниот првак Русија, со Белорусија и со Словенија. Првите четири репрезентации ќе се пласираат во осминафиналето.

Start a Conversation

Your email address will not be published. Required fields are marked *