Нова епизода од проектот на ЦЕВ и на ОФМ „Играј одбојка, расти со неа“

 

Крајот на училишната година означи почеток на новите одбојкарски лекции

 

Училишната година заврши, време е за спорт, време е за одбојка! Проектот „Играј одбојка, расти со неа“ којшто е во организација на Европската одбојкарска конфедерација (ЦЕВ) и Одбојкарската федерација на Северна Македонија (ОФСМ), во неделата во Скопје симболично го означи почетокот на периодот кога младите имаат повеќе време да ги запознаат одбојкарските вештини. Повеќе од 30 деца на училиштна возраст, водени од своите одбојкарски тренери, два часа ги совладуваа основните елементи на играта за којашто младите кај нас покажуваат се поголем интерес. Покрај тоа, децата беа запознаени и со фер-плеј филозофијата како составен ден на одбојката и на спортот воопшто.

Насмеаните лица во СРЦ „Форца“ потсетија на претходните два настана од проектот „Играј одбојка, расти со неа“ одржани во Скопје и во Велес, а со тоа ја поткрепија надежта дека во претстојното лето, овие деца ќе ја зголемат љубопитноста за одбојката и можеби ќе се вклучат активно во тренажниот процес. А оние на коишто одбојката повеќе или помалку веќе им е секојдневие, со нетрпение го очекуваат септември кога македонската репрезентација ќе дебитира на Европското првенство во групата во Љубљана.

Start a Conversation

Your email address will not be published. Required fields are marked *