Балканско првенство за играчи до 18 години

 

Победнички почеток за македонските одбојкари

 

Македонската репрезентација го совлада домаќинот Косово со 3:0 (25:21, 25:16, 25:19) во првото коло на Балканското првенство коешто почна денеска во Урошевац (Феризај). Избраниците на селекторот Ванче Санев беа подобри од противникот во сите елементи и се израдуваа на очекуван триумф.

На Балканијадата учествуваат шест национални состави, па нема две групи како што е вообичаено, туку секој ќе одигра по еден натпревар со секого. Во утрешното, второ коло, црвено-жолтите ќе се сретнат со Турција од 16 и 30, а потоа ќе ги одмерат силите со Црна Гора, со Романија и со Албанија.

Start a Conversation

Your email address will not be published. Required fields are marked *