По почетниот успех против Косово, пораз на македонските кадети

 

Турција беше пресилна за нашата репрезентација

 

Македонскиот национален состав за играчи до 18 години загуби од Турција со 3:0 (25:12, 25:18, 25:16) во второто коло на Балканското првенство во оваа возрасна категорија во Урошевац (Феризај). Откако на вчерашното отворање на турнирот славеше над домаќинот Косово, тимот на селекторот Ванче Санев денеска не можеше целосно да му парира на противникот.

Утре, нашите кадетски репрезентативци ќе сервираат против Црна Гора со почеток во 18 часот и 30 минути, во вторник ќе играат со Романија, а в среда со Албанија, по што ќе биде направен конечниот пласман на Балканијадата.

Start a Conversation

Your email address will not be published. Required fields are marked *