Втора победа на македонските кадети на Балканското првенство

 

Триумф над Црна Гора и шанса за висок пласман

 

Трет настап и втора победа на македонската репрезентација за играчи до 18 години на Балканското првенство во Урошевац (Феризај). Избраниците на селекторот Ванче Санев денеска ја совладаа Црна Гора со 3:1 (19:25, 25:20, 25:18, 25:23) и во преостанатите два натпревара ќе влезат со шанса за висок пласман на турнирот на којшто учествуваат шест селекции. Откако на отворањето славеа над домаќинот Косово, а вчера беа немоќни против Турција, црвено-жолтите денеска против Црна Гора имаа подобар прием и поразновиден напад од противникот.

 

Утре, нашите кадетски репрезентативци ќе играат со Романија од 20 часот и 30 минути, а во последното коло в среда ќе ги одмерат силите со Албанија.

 

Start a Conversation

Your email address will not be published. Required fields are marked *