Кадетите загубија од Романија, но ги задржаа шансите за медал

 

За бронза ќе решава утрешниот натпревар со Албанија

 

Македонската репрезентација за играчи до 18 години загуби од Романија со 3:1 (13:25, 16:25, 25:18, 19:25) во четвртото коло на Балканското првенство во Урошевац (Феризај). Со две победи и два пораза досега, црвено-жолтите се во игра за освојување на бронзениот медал со што би го оствариле досега најголемиот успех од настапите на нашите национални состави на Балканијадите. За да го сторат тоа, одбојкарите на селекторот Ванче Санев треба да ја совладаат Албанија во утрешната пресметка од 18 часот и 30 минути. Претходно, славеа над домаќинот Косово и над Црна Гора, а претрпеа порази од Турција и од Романија.

Start a Conversation

Your email address will not be published. Required fields are marked *