Четврти ден од подготовките за настапот на ЕП 2019

 

Комбинирани трензинзи на технички и на физички план

 

Користејќи го мирот и условите на Маврово, македонските одбојкари го одработуваат четвртиот ден од подготовките за нашето дебитантско учество на европските првенства, во септември на ЦЕВ Евроволеј 2019. Иако има доволно време да се заврши со планираното, репрезентацијата работи со силен ритам со цел постепено да ја крева формата пред да ги почне пријателските натпревари на средината на август. Новите тренери во стручниот штаб донесоа новини во тренажниот процес.

 

„Многу работиме на технички план затоа што сакаме да бидеме максимално воиграни. На физички план, исто така можам да кажам дека се подготвуваме квалитетно, тренираме комбинирано на стадион и во сала за товар, така што мислам дека максимално ќе ја искористиме подготвителната етапа во Маврово. Најважно е да издржиме во овој ритам, па финалната глазура на формата да ја направиме со контролните натпревари“, вели примачот Александар Љафтов.

 

Црвено-жолтите ќе останат во Маврово до 15-ти август, а потоа ќе ја почнат серијата од девет пријателски средби. На 12-ти септември ќе играме со Финска во премиерниот меч за македонската одбојка на континентланите самити. Потоа ќе ги одмериме силите со Турција, со Русија, со Белорусија и со кодомаќинот Словенија.

Start a Conversation

Your email address will not be published. Required fields are marked *