Темпото во Маврово не се менува, два силни тренинга на ден

 

Ѓорѓи Ѓорѓиев се пожали на повреда и е на рехабилитација во Скопје

 

Македонските одбојкари ја привршуваат втората недела од подготовките во Маврово. Ѓорѓи Ѓорѓиев е единствен којшто е поштеден од тренинзите поради повредата на стомачните мускули. Техничарот на нашата репрезентација е на рехабилитација во Скопје, по што се очекува за десетина дена да му се приклучи на националниот состав.

 

„Одбојкарите ги прифатија методите на работа на францускиот кондиционенен тренер Рејно Шоке иако се разбира дека се посветува внимание и на тактичкиот дел. Претходната недела работевме на прием, на одбрана и на контра, но без скокови, а веќе од наредната ќе почнеме и со вообичаените тренинзи на тактички план. Имаме доволно време да го завршиме тоа што го планиравме. Најпрво треба да се подготвиме кондициски“, вели селекторот Никола Матијашевиќ.

 

На мали болки се пожалија и Филип Николовски и Филип Маџунков, но тие се со националниот состав, којшто ќе остане во Маврово до 15-ти август, а потоа ќе ја почне серијата пријателски натпревари како последна подготвителна фаза пред дебитанскиот настап на европските шампионати. Во салата „Стожице“ во Љубљана, во периодот од 12-ти до 17-ти септември, ќе играме со Финска, Турција, Русија, со Белорусија и со Словенија.

Start a Conversation

Your email address will not be published. Required fields are marked *