Почина Илија Караманов (1961-2019)

 

Струмичката и македонската одбојка се простува од Илија Караманов, поранешен одбојкар, тренер и истакнат спортски работник. Целиот живот Караманов го посвети на одбојката, најпрво како активен играч во ОК “Југославија” во Струмица, а потоа и како прв тренер на истоимениот женски клуб. Караманов потоа работеше машката екипа на ОК “Струмица” како прв тренер и предводник на тимовите во младински категории. По завршувањето на тренерската кариера, постојано беше ангажиран и помагаше во работата на ОК “Струмица” и на ОК “Џио Струмица”.

 

Нека почива во мир! Ќе ни недостига!

Start a Conversation

Your email address will not be published. Required fields are marked *