Три сета за македонската репрезентација во Сент Полтен
Македонските одбојкари ја совладаа Австрија со 3-0 (25:23, 25:23, 25:23) во неофицијалниот тренинг натпревар во Сент Полтен, во пресрет на Европското првенство 2019, дебитантско во нашата одбојкарска историја. Избраниците на селекторот Никола Матијашевиќ утре ќе одиграат уште една, но официјална пријателска средба со Австријците, а тоа ќе биде последна контрола за црвено-жолтите пред учеството на континенталниот собир.
На ЕП во групата “Це”, во периодот од 12-ти до 17-ти овој месец, македонската репрезентација ќе игра со Финска, со Турција, со Русија, со Белорусија и со Словенија. Првопласираните четири селекции ќе играат во осминафиналето на шампионатот.