Никчевиќ и Терзиевска учествуваа на состанок во Братислава
Проектот „Играј одбојка, расти со неа“, којшто донесе насмевки на детските лица за време на масовните тренинзи одржани во Скопје и во Велес минатата училиштна година, се префрли на ниво на тренери и на наставници, како главни фактори во доближувањето на одбојкарските тајни и будењето одбојкарска љубопитност кај учениците на најмала возраст.
Денеска и вчера во Братислава беше одржан вториотсостанок во рамки на Ерасмус + проектот предводен од Европската одбојкарскаконфедерација (ЦЕВ), а поддржан од Европската унија, во којшто активноучествува и Одбојкарската федерација на Македонија. Репрезенти на националнитефедерации и Вук Карановиќ од ЦЕВ во својство на носител на проектот, гифинализираа завршните материјали за едукација на тренери коишто ќе им бидатдостапни на сите заинтересирани кај нас на крајот на годината.
Претставнички на ОФМ беа комесарката за натпреварување, Сања Никчевиќ, како и координаторката за женска одбојка Емилија Терзиевска.
