Балкански клупски куп 2019 – турнир во Струмица

 

За влез во Челенџ купот, Џио Струмица утре ќе игра со турски Токат

 

Одбојкарите на Џио Струмица го совладаа тимот на Приштина волеј со 3:1 (21:25, 25:20, 25:20, 25:20) во Балканскиот куп. На турнирот чијшто домаќин е македонскиот освојувач на двојната круна, во денешниот втор натпревар, нашиот претставник фаќаше ритам во првиот сет, со оглед дека од шампионскиот состав од лани заминаа Васе Михаилов и Стојан Илиев, а поради семејни обврски не играше Ристо Николов. Потоа струмичките одбојкари беа подобри од ривалот во сите елементи, па утре ќе играат со Токат Беледије во директна пресметка за првото место на турнирот, а со тоа и за пласман во второто коло на Челенџ купот на ЦЕВ, во коешто чека унгарски ВРЦК каде што настапува нашиот репрезентативец Владо Милев. Турскиот тим во вчерашниот прв меч во салата “Парк” славеше над Приштина волеј со 3:0.

Start a Conversation

Your email address will not be published. Required fields are marked *