Џио Струмица не успеа да се пласира во Челенџ купот на ЦЕВ

 

Македонскиот првак загуби од Токат во финалето на Балканскиот куп

 

Одбојкарите на Џио Струмица загубија од Токат Беледие со 3:0 (25:11, 25:25, 25:20) во вториот натпревар на Балканскиот куп. Во салата “Парк” во Струмица, освојувачот на двојната круна кај нас беше немоќен во сите елементи во пресметката со турскиот тим којшто го освои првото место на турнирот и обезбеди пласман во второто коло на Челенџ купот. Џио Струмица заврши втор со оглед дека вчера славеше над Приштина волеј со 3:1 што не беше доволно за да игра европски натпревари сезонава.

Start a Conversation

Your email address will not be published. Required fields are marked *