Почна семинарот за млади и талентирани судии

 

Одбојкарската федерација на Македонија од денеска до недела е домаќин на семинар за млади и талентирани судии. Во соработка со Европската одбојкарска конфедерација (ЦЕВ), 26 перспективни судии насекаде од Европа, ќе ги слушнат предавањата на претседателот на Европската судиска комисија во ЦЕВ, Лучано Гашпари, а своите искуства и новата филозофија на ЦЕВ за судењето ќе ги пренесе и секретарката на истата комисија Зорица Бјелиќ.

На семинарот присуствуваат и нашите меѓународни судии Никола Мицевски, Влатко Ристовски и Орданче Амбарков, како и македонскиот ЦЕВ делегат Симон Џинес. Предавањата се одржуваат во хотелот “Парк” во Скопје.

Start a Conversation

Your email address will not be published. Required fields are marked *