Меѓународен семинар за нашите судии и делегати

 

Зорица Бјелиќ им ги пренесе искуствата на македонските колеги

 

По завршувањето на семинарот за млади и талентирани судии од Европа чијшто домаќин беше Одбојкарската федерација на Македонија, македонските судии и делегати денеска присуствуваа на предавање на секретарката на Европската судиска комисија Зорица Бјелиќ. Еминентната гостинка од ЦЕВ ги пренесе искуствата од нејзината долгогодишна кариера, а воедно го претстави и новиот пристап на кровната одбојкарска институција кога се работи за арбитрирањето на натпреварите.

 

Нашите судии и делегати покажаа голем интерес за ова предавање на коешто присуствуваа 45 посетители. Новите идеи и насоки од ЦЕВ ќе бидат имплементирани во организацијата и судењето на натпреварите во македонското одбојкарски првенство веќе од наредната клупска сениорска сезона којашто ќе почне на крајот на месецот. А со цел да се надгради големиот успех на македонската репрезентација на неодамна завршеното Европско првенство, ОФМ ќе организира и тренерски семинар во ноември.

Start a Conversation

Your email address will not be published. Required fields are marked *