Премиерно издание на меморијалниот турнир “Горан Панов – Близнако”

 

Финале за Џио Струмица и за Разлог

 

Македонскиот првак и освојувач на ланската двојна круна, екипата на Џио Струмица, ќе се соочи со бугарскиот тим Разлог во натпревар за првото место на премиерното издание на меморијалниот турнир “Горан Панов – Близнако”. Во денешните полуфинални натпревари во салата “Парк” во Струмица, нашиот претставник доминираше во средбата со Борац од Бања Лука и победи со 3:0 (25:22, 25:21, 25:17), додека, пак, Разлог славеше над Будуќност од Подгорица со 3:1 (25:17, 22:25, 25:23, 25:20).

 

Финалето меѓу Џио Струмица и Разлог е утре од 19 и 30, а претходно, од 17 и 30, во битка за третото место ќе влезат Борац и Будуќност во чиишто редови настапува нашиот млад интернационалец Лука Костиќ.

Start a Conversation

Your email address will not be published. Required fields are marked *