Пирин од Разлог го освои првиот меморијален турнир „Горан Панов – Близнако“

 

Македонскиот првак го загуби финалето од бугарскиот претставник со 3:0 (25:23, 25:23, 25:19)

 

Екипата на Џио Струмица претрпе пораз од Пирин од Разлог со 3:0 во финалето на премиерното издание на меморијалниот турнир „Горан Панов – Близнако“. Во салата „Парк“ во Струмица, освојувачот на ланската двојна круна кај нас му парираше на бугарскиот состав во првите два сета, но во третиот не можеше да го задржи ритамот. Пирин заслужено славеше на дводневниот турнир откако вчера во полуфиналето во четири сета го совлада Будуќност. Црногорскиот тим заврши трет по денешниот триумф над Борац од Бања Лука со 3:1 (15:25, 25:17, 25:17 и 25:10).

Start a Conversation

Your email address will not be published. Required fields are marked *