Црвено-црните ја забележаа првата првенствена победа

 

Лирија – Вардар 0:3 (11:25, 17:25, 19:25)

 

Одбојкарите на Вардар очекувано ја совладаа Лирија со 3:0 (25:11, 25:17, 25:19) во последниот натпревар од воведното коло во нашата Прва машка лига. Фаворитот беше доминантен во сите сегменти на играта и во ниту еден момент не дозволи противникот да се закани посериозно.

 

Црвено-црните се засилија со струмичкото репрезентативно трио Михаилов-Маџунков-Илиев, со поранешниот репрезентативец Јовица Симовски, со јапонски техничар и со либеро од Србија, па имаат состав којшто важи за еден од двата претендента за тронот. Скопјани ја користат почетната фаза од првенството за подготовка за настапот во Челенџ купот на ЦЕВ. Македонскиот претставник наредниот месец ќе игра со чешкиот тим Карлови Вари со надеж да биде рамноправен ривал и по можност да мине во наредната натпреварувачка етапа. Лирија, пак, во дуелите со квалитативно рамните на себе ќе игра за влез во Втората фаза 1 напролет, односно меѓу шесте најдобри екипи кај нас сезонава.

Start a Conversation

Your email address will not be published. Required fields are marked *