Вардар го презеде првото место на табелата

 

Фаворитот немаше проблеми против УГД Студент

 

Одбојкарите на Вардар очекувано го совладаа УГД Студент со 3:0 (25:15, 25:6 и 25:8) во последниот натпревар од второто коло во Првата машка лига. Во салата на спортско-рекреативниот центар “Кале” во Скопје, младите штипски играчи беа рамноправни само до средина на првиот сет, кога УГД Студент имаше предност од 9:8 остварена со серија од 5:0 по првиот тајм аут на гостинскиот тренер Ванче Санев. Потоа вардарци почнаа подобро да сервираат, штипјани лошо примаа и не можеа да организираат напад, па црвено-црните лесно триумфираа и го презедоа првото место на табелата. Вардар има ист број победи како Џио Струмица и Универзитет во Тетово, но се наоѓа пред нив поради подобар поен-количник од актуелниот шампион и подобар сет-количник од Тетовци.

 

На вечерашниот натпревар најефикасен беше коректорот на Вардар Јовица Симовски со 17 поени (11 од напад, 4 аса и 2 блока). Неговиот клупски колега Стојан Илиев освои 15, Маџунков 8, Михаилов и Ватанабе по 5, а Стојанов и Лепидовски по 1. Кај УГД Студент, Кристијан Ристевски заработи 13, Санев 3, Тошиќ и Алексов по 2, а Гошевски 1 поен. Со два пораза досега, штипјани се на последното место на табелата.

Start a Conversation

Your email address will not be published. Required fields are marked *