ЖОК Вардар ЕМ ја изведе најновата акција во училиштниот проект на ЦЕВ и на ОФМ

 

Понекогаш изгледа лесно, дајте им топка на децата и имате забава. Но колку и да звучи едноставно, навистина е! Кај нас тоа во континуитет го потврдува училиштниот проект на ЦЕВ којшто се одвива во засилен ритам. По активностите во Скопје и во Велес, најновата акција ја изведе ЖОК Вардар ЕМ. Основните елементи на одбојкарската игра беа доволна провокација за децата до десетгодишна возраст да продолжат да зборуваат за одбојката и по завршувањето на масовниот тренинг. А тоа е почетната идеја.

 

„Нам ни е битно да се обидеме да ја прошириме играта на поширока популација. Затоа работиме со училиштата, но и со клубовите со цел повторно да ја вратиме праксата на часовите по физичко воспитување професорите да ја развиваат детската љубопитност, а клубовите потоа да се обидат да регрутираат нивни нови членови. Тоа беше принципот на работа кога одбојката беше на највиско ниво кај нас. Затоа ќе продолжиме да работиме, а детските насмевки ни даваат дополнителен мотив“, објаснува координаторката на проектот Сања Никчевиќ.

 

Последниот тренинг ЖОК Вардар Ем го одржа во ОУ „Христијан Тодоровски Карпош“, за да може да допре до што повеќе деца во Карпош, една од најголемите населби во градот Скопје. Велат дека првиот чекор е најтежок, но со него почнува и најдолгиот пат. Нели?

Start a Conversation

Your email address will not be published. Required fields are marked *