Вардар – Универзитет во Тетово 3:0 (25:16, 25:12, 25:13)

 

Доминација на лидерот во дербито на шестото коло

 

Одбојкарите на Вардар го прегазија Универзитет од Тетово во натпреварот што барем на хартија го носеше епитетот дерби на шестото коло во Првата машка одбојкарска лига. Гостите во салата “Кале” во Скопје освоија вкупно 41 поен, средбата заврши за помалку од еден час, а тоа се доволни параметри за да ги отсликаат настаните на теренот.

 

Вардарци остануваат први на табелата со максимални шест победи досега, а тетовци се четврти затоа што имаат три триумфи, еден помалку од третопласираната Лирија. По двете зоочувања на Универзитет во Тетово со Вардар и со Џио Струмица, се остварија прогнозите дека за лидерската позиција по есенскиот дел ќе решава меѓусебниот натпревар меѓу актуелниот првак и скопскиот тим. Тој ќе биде дел од наредното, седмо прволигашко коло, а предноста на домашниот терен ќе ја имаат струмичани.

Start a Conversation

Your email address will not be published. Required fields are marked *