Во Струмица битка за второто место, Универзитет во Тетово го обезбеди четвртото

 

Деветтото коло кај мажите нема влијание на учесниците во Втората фаза -1

 

Два натпревара веќе завршија, а преостанатите два од последното есенско коло во Првата лига (мажи) нема да решаваат најдиректно за патниците во Втората фаза -1 напролет. Но се разбира дека нема да бидат безначајни затоа што Џио Струмица и Лирија ќе играат во директна пресметка за второто место, а Дибра волеј и Весна Пробиштип ќе се надмудруваат за да пренесат што повеќе бодови во пролетниот натпреварувачки сегмент.

 

Актуелниот првак и Лирија досега остварија по шест победи и освоија по 17 бода, а струмичани се второпласирани во пресрет на меѓусебниот дуел поради подобар сет-количник. Иако мечот го носи епитетот дерби, сепак Џио Струмица важи за апсолутен фаворит во својата сала, па со очекуван успех ќе му се доближи на водечкиот Вардар кој победи на сите осум натпревари досега. Црвено-црните претходно ги завршија обврските во деветтото коло, а триумфот над ГОК Борец со 3:0 беше очекуван епилог. Исто така порано од вообичаениот термин, Универзитет во Тетово дома славеше над УГД Студент со 3:1, а со тоа ја освои четвртата позиција со пет победи, една повеќе од штипјани. Шеста е Весна Пробиштип која е последната екипа што ќе настапи во Втората фаза -1. Гостувањето на пробиштипјани кај Дибра волеј е за победа повеќе на почетокот на следната натпреварувачка етапа. Весна Пробиштип досега забележа две, а Дибра волеј е единствен тим без успех, па напролет ќе настапи во Втората фаза -2 заедно со Шкендија и со ГОК Борец.

 

Прва лига (мажи), 9.коло

Џио Струмица – Лирија (сабота, 17.00)
Дибра волеј – Весна Пробиштип (сабота, 17.00)
Вардар – ГОК Борец 3:0 (25:9, 25:9, 25:16)
Универзитет во Тетово – УГД Студент 3:1 (25:18, 20:25, 25:20, 25:12)

Start a Conversation

Your email address will not be published. Required fields are marked *