Шампионките ќе презимат на водечката позиција во Првата лига (жени)

 

УГД Студент жени – Работнички Скопје 0:3 (12:25, 14:25, 17:25)

 

Одбојкарките на Работнички Скопје го совладаа составот на УГД Студент со 3:0 и го презедоа врвот на табелата по есенскиот дел од Првата лига (жени). Резултатот покажува дека немаше неизвесност во последниот натпревар од 11-тото коло по којшто бранителките на двојната круна се израдуваа на десеттата победа сезонава. Со тоа го минаа тимот на Вардар жени поради подобар сет-количник, па во Втората фаза -2 напролет ќе тргнат од најдобрата почетна позиција.

 

Покрај Работнички Скопје, во тој натпреварувачки сегмент ќе бидат и Вардар жени, Наковски волеј, Струмица жени, Јанта волеј Форца и Виктори волеј, а во него екипите ќе одиграат по десет меча. Најдобрите четири ќе се пласираат во полуфиналето од разигрувањето за титулата. УГД Студент, пак, ќе настапи во Втората фаза -2 во којашто исто така шест тома ќе се борат за пласман од 7-то до 10-тото место во конечното рангирање

Start a Conversation

Your email address will not be published. Required fields are marked *