УГД Студент жени – Работнички Скопје на МРТ Собраниски од 19 часот

 

Пет чисти победи во саботните натпревари

 

Екипата на Вардар жени го презеде првото место на табелата во пресрет на последниот натпревар од есенскиот сегмент во Првата лига (жени). Црвено-црните лесно го совладаа Бами Кор со 3:0 и ја прославија десеттата победа сезонава. Единствениот пораз им е од актуелните првенки и освојувачки на купот, одбојкарките на Работнички Скопје, коишто досега имаат биланс 9-1, па за да презимат на врвот, треба да триумфираат на денешното гостување во Штип кај УГД Студент во три сета. Доколу победат со 3:1 или со 3:2, тогаш Вардар жени ќе остане на чело на колоната поради подобар сет-количник или поради поголем број бодови. Третопласиран е тимот на Наковски волеј, којшто по двата пораза во дерби натпреварите со скопските конкуренти, мина лесно на свој терен против Пелистер волеј. Струмица жени го одржа чекорот и четвртото место со победа над Ускана во три сета, а на ист начин Јанта волеј Форца се радуваше во салата на Виктори волеј, но струмичкиот состав уште претходно обезбеди влез во Втората фаза -1 напролет. На влезот во ова коло, УГД Студент жени секако имаше две победи помалку од Виктори волеј, па јасно беа поделени двете половини на табелата во нашата најсилна одбојкарска конкуренција. Вардар жени, Работнички Скопје, Наковски волеј, Струмица жени, Јанта волеј Форца и Викори волеј, значи по три екипи од Скопје и од Струмица, ќе се натпреваруваат за пласман во полуфиналето од разигрувањето, а со тоа и за шампионскиот пехар. Во пролетниот сегмент, тие ќе одиграат по десет натпревари (секој со секого, дома и на гости), а најдобрите четири ќе ја продолжат трката за тронот.

 

УГД Студент жени, Пелистер волеј, Македонија Макс, Универзитет во Тетово, Ускана и Бами Кор ќе учествуваат во Втората фаза -2 во којашто исто така ќе има десет кола, а по нив ќе биде познат конечниот пласман на екипите од 7-то до 12-тото место во сезоната 2019/2020. Во саботата, во меч којшто беше од овој ранг според квалитетот и пласманот на екипите, Универзитет во Тетово ја совлада Македонија Макс со 3:0.

 

Прва лига (жени), 11.коло

Бами Кор – Вардар жени 0:3 (13:25, 19:25, 11:25)
Наковски волеј – Пелистер волеј 3:0 (25:14, 25:13, 25:7)
Струмица жени – Ускана 3:0 (25:12, 25:21, 29:27)
Виктори волеј – Јанта волеј Форца 0:3 (20:25, 14:25, 18:25)

Start a Conversation

Your email address will not be published. Required fields are marked *