Шампионот го одбрани второто место, а пробиштипјани ја оправдаа фаворитската улога во Дебар

 

Очекувани резултати на последните два есенски натпревара

 

Екипата на Џио Струмица ја совлада Лирија во дербито на последното, деветто коло од нашата најсилна машка одбојкарска конкуренција. Во салата „Парк“, актуелниот бранител на ланските две титули, силно влезе во натпреварот со ривалот, па во првите два сета загуби само 30 поени. Лирија намали, но струмичани успеаја да ја задржат контролата и со 3:1 ја остварија седмата победа во осмиот сезонски дуел. Со таков биланс оваа лигашка етапа ја завршија на второто место зад водечкиот Вардар кој оствари максимален ефект. Лирија, пак, е третопласирана со шест победи, а тоа е успешен резултат за составот од Жеровјане. Локалниот ривал, а лански финалист на купот, Универзитет во Тетово е четврти со пет триумфи, а во Втората фаза -1 напролет ќе играат и петтопласираниот УГД Студент и Весна Пробиштип, која во саботата очекувано се врати со 3:0 од гостувањето кај Дибра волеј. Претходно, Вардар во ова коло славеше над ГОК Борец, а УГД Студент загуби од Универзитет во Тетово.

 

Првенството ќе продолжи на крајот на февруари, најдобрите шест екипи од овој натпреварувачки сегмент ќе настапат во Втората фаза -1 според принципот „секој со секого, дома и гости“, што значи дека ќе одиграат по десет натпревари. Првите четири ќе обезбедат влез во полуфиналето во разигрувањето. Шкендија, ГОК Борец и Дибра волеј ќе бидат дел од Втората фаза -2 во којашто секоја екипа ќе одигра осум средби, по две дома и на гости со двата ривала. Потоа ќе биде утврден нивниот конечен пласман во сезоната 2019/2020.

 

Прва лига (мажи), 9.коло

Џио Струмица – Лирија 3:1 (25:18, 25:12, 21:25, 25:19)
Дибра волеј – Весна Пробиштип 0:3 (16:25, 25:27, 17:25)
Вардар – ГОК Борец (25:9, 25:9, 25:16)
Универзитет во Тетово – УГД Студент 3:1 (25:18, 20:25, 25:20, 25:12)

Start a Conversation

Your email address will not be published. Required fields are marked *