АМС и ССФМ потврдија дека 2019-та е историска година за македонската одбојка

 

Награда за капитенот Никола Ѓорѓиев и за националниот тим

 

Агенцијата за млади и спорт и Сојузот на спортски федерации ги прогласија најдобрите за 2019-та година, а три награди му припаднаа на одбојкарскиот спорт. Капитенот на македонската одбојкарска репрезентација, Никола Ѓорѓиев, доби награда за посебни заслуги во спортот за 2019-та, нашата репрезентација е прогласена за најуспешен машки национален тим, а Одбојкарската федерацијата на Македонија беше номинирана во категоријата најуспешна национална спортска федерација.

 

Според неколку параметри, минатата година беше историска за нашата одбојка, а како секогаш, Ѓорѓиев ја на ниво ја одигра улогата предводник на националниот состав којшто првпат се пласираше на европско првенство, а на континенталниот собир во групата во Љубљана оствари две победи и за нијанса не успеа да се пласира во осминафиналето. Ѓорѓиев освои 37 поени во незаборавното издание против Белорусија и 24 против сребрената Словенија во натпреварите на коишто македонската одбојка ја испиша најсветлата страница во својата историја.

 

„ Благодарност до Агенцијата за млади и спорт, благодарност до мојата фамилија, на Одбојкарската федерација којашто ни овозможи да стигнеме преку трње до ѕвездите. На оваа награда пишува Никола Ѓорѓиев, но оваа награда е на сите играчи, на стручниот штаб и на Одбојакрската федерација на Македонија. Оваа година беше феноменална за нас и се надевам дека и во наредната ќе продолжиме да ја радуваме нацијата“, изјави Никола Ѓорѓиев откако ја доби наградата на светченоста на прогласувањето на најуспешните спортисти, тренери и федерации во Националната опера и балет.

 

Во тековната сезона Ѓорѓиев се врати во Европа и настапува за германската екипа Фридрихсхафен со којашто има привилегија да учествува во Лигата на шампионите. Во група со Роселар, со Кожле и со Војводина, Фридрихсхафен има една победа и два пораза по три одиграни средби. Наредната година, пак, за националниот тим ќе биде идентично инспиративна како оваа, затоа што македонските одбојкари ќе дебитираат во Златната европска лига, а повторно ќе играат во квалификации, сега за Европското првенство во 2021-та.

 

Start a Conversation

Your email address will not be published. Required fields are marked *