Струмичко дерби на отворањето на Втората фаза кај дамите

 

Бранителките на двојната круна од минатата сезона, одбојкарките на Работнички Скопје, ќе го пречекаат составот на Виктори волеј во првото коло од Втората фаза-1 во којшато најдобрите шест екипи од есенскиот дел ќе одиграат десет кола според принципот „секој со секого, дома и на гости“. Првенките беа доминантни на првиот натпревар пред своја публика против струмичките ривалки, па и на утрешната пресметка ќе влезат со амбиција да ја забележат 11-тата победа, а со тоа да ја задржат водечката позиција на табелата со оглед дека составот на Вардар жени има ист број победи по првиот натпреварувачки сегмент. Црвено-црните ќе се надмудруваат со Јанта волеј Форца којшто во оваа полуетапа ќе влезе од петтото место на табелата. Значаен дуел им претстои на Наковски волеј и на Струмица жени, коишто во есенскиот сегмент ги зазедоа третото и четвртото место на табелата. Ланскиот финалист на купот, Наковски волеј, во првиот меѓусебен меч се радуваше со 3:0, а доколку го повтори успехот, ќе направи исчекор во однос на противничките од две победи.

 

Во Втората фаза-2 во којашто, исто така, екипите ќе имаат по десет натпревари за да биде одреден нивниот конечен пласман во сезоната 2019/2020, УГД Студент жени е голем фаворит против Бами Кор. Во оваа натпреварувачка етапа штипјанки ќе влезат од најдобра позиција затоа што имаат четири триумфи, еден повеќе од најблиските ривали Пелистер волеј, Македонија Макс и Универзитет во Тетово. Битолчанки утре ќе се сретнат со Ускана, а струмичките и тетовските одбојкарки ја одложија средбата со меѓусебен договор. Според правилата, Македонија Макс и Универзитет во Тетово ќе одиграат до почетокот на наредното коло.

 

Прва лига (жени), Втора фаза-1, (1.коло)

Работнички Скопје – Виктори волеј (сабота, 18.00)


Наковски волеј – Струмица жени (сабота, 18.00)


Вардар жени – Јанта волеј Форца (нема да се игра поради суспензија на ОК Вардар)

Прва лига (жени), Втора фаза-2, (1.коло)

УГД Студент жени – Бами Кор (сабота, 13.30)


Пелистер волеј – Ускана (сабота, 17.00)


Македонија Макс – Универзитет во Тетово (одложена во договор на двете екипи, а ќе биде одиграна до почеток на следното коло)

Start a Conversation

Your email address will not be published. Required fields are marked *