Укината е суспензијата за ОК Вардар

 

Викендов сепак ќе има полна одбојкарска програма

 

Откако Одбојкарската федерација на Македонија ги суспендираше сениорските екипи на ОК Вардар поради неисполнети финансиски обврски, клубот којшто е аспирант на титулите во двете конкуренции, ги исплати предвидените средства. Тоа значи дека суспензијата е тргната, а вардаровите тимови утре ќе ги одиграат натпреварите од Втората фаза-1.

 

Дамите на ОК Вардар ќе го пречекаат составот на Јанта волеј Форца, а мажите ќе сервираат против Весна Пробиштип.

Start a Conversation

Your email address will not be published. Required fields are marked *