Струмица жени и Лирија им се придружија на Џио Струмица и на Вардар жени во полуфиналето на купот

 

Според резултатите од првите натпревари од четвртфиналето на купот, како и квалитетот на екипите, во реваншите од оваа фаза би требало да има неизвесност само на пресметката меѓу Наковски волеј и Јанта волеј Форца. Струмичките одбојкарки лани играа во завршниот меч за пехарот, но доколку сакаат да останат на патот кон истиот успех, денеска треба да надополнат негатива од 3:0 од првата пресметка со скопските ривалки. Екипата на Јанта волеј Форца ја искористи домашната сала за победа со 3:0 минатата среда, така што сега и е потребен само еден сет за да се пласира меѓу четирите најдобри. Ако Наковски волеј успее да слави со 3:0 и со тоа да ја анулира предност на противничките, тогаш за пласман во полуфиналето ќе решава таканаречен „златен“ сет до 15 поени.

 

Во следната натпреварувачка рунда е дебитантот Струмица жени откако во четвртфиналето со две победи со 3:1 го елиминираше тимот на УГД Студент жени, на првото соочување во Штип, а на вчерашното пред своите навивачи. Полуфинален статус обезбеди и водечкиот во првенството, Вардар жени, којшто не загуби сет на двете пресметки со Виктори волеј, а фаворитската улога веќе ја потврди Работнички Скопје против Пелистер волеј. Бранителките на тронот во Битола славеа со 3:0, па резултатска формалност би требало да има денешниот реванш во главниот град.

 

Во машка конкуренција, ланскиот освојувач Џио Струмица службено го доби двомечот со Дибра волеј, а за годинашиот трофеј ќе продолжат да играат и одбојкарите на Лирија коишто двапати беа поуспешни во локалната пресметка со Шкендија со 3:0. Таква предност во средбите на гостински терен остварија и Вардар и Универзитет во Тетово, па на реваншите треба само да го потврдат пласманот во полуфиналето. Универзитет во Тетово денеска ќе го пречека составот на Штип УГД Штип, а Вардар на 4-ти март ќе се сретне со Весна Пробиштип.

 

Одбојкарски куп на Македонија (мажи), четвртфинале мажи (реванши)

Универзитет во Тетово – Штип УГД Штип (денеска, 18.00)
Лирија* – Шкендија 3:0 (25:14, 25:13, 25:13)
Вардар – Весна Пробиштип (4.март)
Џио Струмица* – Дибра волеј (службено 3:0)

Одбојкарски куп на Македонија (мажи), четвртфинале (први натпревари)

Дибра волеј – Џио Струмица (службено 0:3)
Весна Пробиштип – Вардар 0:3 (10:25, 15:25, 13:25)
Шкендија – Лирија 0:3 (17:25, 19:25, 17:25)
Штип УГД Штип – Универзитет во Тетово 0:3 (18:25, 18:25, 17:25)

 

Одбојкарски куп на Македонија (жени), четвртфинале (реванши)

Работнички Скопје – Пелистер волеј (денеска, 15.00)
Наковски волеј – Јанта волеј Форца (денеска, 18.00)
Струмица жени* – УГД Студент жени 3:1 (25:10, 25:12, 15:25, 25:17)
Вардар жени* – Виктори волеј 3:0 (25:11, 25:10, 25:17)

Одбојкарски куп на Македонија (жени) четвртфинале (први натпревари)

Пелистер волеј – Работнички Скопје 0:3 (10:25, 11:25, 16:25)
Јанта волеј Форца – Наковски волеј 3:0 (25:17, 25:23, 25:22)
УГД Студент жени – Струмица жени 1:3 (11:25, 26:24, 12:25, 11:25)
Виктори волеј – Вардар жени 0:3 (17:25, 4:25, 8:25)

Start a Conversation

Your email address will not be published. Required fields are marked *