Очекуван епилог на третото коло во Втората фаза-1 кај одбојкарите

 

Фаворитите забележаа очекувани и лесни победи во саботните натпревари во нашето најквалитно машко одбојкарско друштво. Откако го загуби дербито со Вардар, актуелниот првак Џио Струмица немаше проблеми со Весна Пробиштип и го совлада противникот вторпат сезонава, уште еднаш пред своја публика во „Парк“. Бранителот на двојната круна ја оствари деветтата победа, а со тоа ја задржа предноста во однос на третопласираниот Универзитет во Тетово. Ланскиот финалист во купот дома славеше над Штип УГД Штип на свој терен, а со тоа ја продолжи серијата на четири триумфи во низа. Штипјани, пак, претрпеа четири порази едноподруго и имаат значајно, можеби и недостижно заостанување во однос на Лирија во трката за влез во разигрувањето, без оглед што тимот од Жеровјане доживеа три порази на последните четири средби. Последниот го претрпе во Скопје од Вардар кој е единствена екипа со максимален ефект досега и сигурно го чува лидерското место на табелата.

Џио Струмица – Весна Пробиштип, Втора фаза-1, 3. коло

Во Втората фаза-2, во исклучително возбудлив натпревар, ГОК Борец славеше над Шкендија со 3:2 на гостувањето во Тетово. Поранешниот првак ги доби првите два сета, но велешани потоа направија пресврт и со максимални две победи по зимската пауза, ја презедоа првата позиција во овој натпреварувачки сегмент. Ако ја задржат до крајот, тогаш ќе бидат седмопласирани во конечното рангирање за сезоната 2019/2020.

 

Прва лига (мажи), Втора фаза-1, 3.коло

Џио Струмица – Весна Пробиштип 3:0 (25:16, 25:18, 25:15)
Вардар – Лирија 3:0 (25:15, 25:10, 25:17)
Универзитет во Тетово – Штип УГД Штип 3:0 (25:12, 25:13, 25:20)

Прва лига (мажи), Втора фаза-2, 3.коло
Дибра волеј – Шкендија (8.март)

Прва лига (мажи), Втора фаза-2, 2.коло
Шкендија – ГОК Борец 2:3 (26:24, 25:22, 21:25, 23:25, 9:15)

Start a Conversation

Your email address will not be published. Required fields are marked *