Работнички Скопје го доби дербито со Наковски волеј со 3:2

 

Бранителките на двојната круна ја продолжија успешната серија против Наковски волеј откако славеа со 3:2 во дербито на третото коло во Втората фаза-1 во нашата најквалитетна женска одбојкарска конкуренција. Во исклучително интересен натпревар во салата “Парк”, по многу пресврти, екипата на Работнички Скопје за нијанса беше поуспешна и се израдува на осмиот триумф едноподруго во меѓусебните дуели со ривалките.

Со исклучок на третиот сет, сите други беа рамноправни, а клучниот поен беше промашувањето на Тасиќ на 9:7 за Наковски волеј во решавачкиот петти сет. По него, Работнички Скопје направи серија од 8:1 и ја забележа 12-тата првенствена победа. За неа најголем придонес имаше Антонија Баталаковска со 27 поени, Стојанова и Стојановска забележаа по 11, а Јонузи 9.

Наковски волеј го претрпе четвртиот пораз во 14-от сезонски лигашки натпревар, а втор во овој натпреварувачки сегмент по којшто и натаму е третопласиран. Ана Фасулева со 23 и засилувањето од Србија Миња Тасиќ со 27 поени не успеаја да го запрат четвртиот пораз на последните шест лигашки натпревари.

Start a Conversation

Your email address will not be published. Required fields are marked *