Победи на скопските екипи и голема предност за нив во водечкиот квартет

 

Вардарки се во серија од 11 победи и не го пуштаат врвот во нашата најквалитетна женска одбојкарска лига. Во дербито на четвртото коло од Втората фаза-1, црвено-црните славеа над Наковски волеј со 3:2 и со само еден сезонски пораз ја задржаа предноста во однос на екипата на Работнички Скопје којашто ја искористи домашната поддршка за триумф над Струмица жени со 3:0. Ова значи дека скопските ривали се издвоија во трката за првото место, а со тоа и за подобра почетна позиција во полуфиналето од разигрувањето. Вардар жени и сега има победа повеќе, но со оглед дека му препушти два сета на Наковски волеј, загуби еден бод од предноста во однос на актуелните првенки од Работнички Скопје. Со низа од пет порази на последните седум лигашки средби, Наковски волеј веќе не е сигурен во обидот да влезе во нокаут сегментот од сезоната, затоа што во пресрет на наредното коло има ист број победи како Струмица жени и како Јанта волеј Форца, со напомена дека се наоѓа на третото место поради поголем број освооени бодови. Од истата причина Струмица жени е пред тимот на Јанта волеј Форца којшто во саботата се радуваше во салата на Виктори волеј со 3:0.

 

Во понеквалитетниот натпреварувачки сегмент, УГД Студент жени дома го совлада Уноверзитет во Тетово со 3:1 и го задржа максималниот биланс по зимската пауза. Штипјанки се првопласирани во Втората фаза-2 со две победи повеќе од Ускана којашто во саботата очекувано не загуби сет на гостувањето кај последнопласираниот Бами Кор. Пелистер волеј и Македонија Макс ќе играат в среда, а во пресрет на нивниот дуел заостануваат два трумфа зад Ускана. Со ист биланс како битолчанки и струмичанки е и Универзитет во Тетово.

 

Прва лига (жени), Втора фаза-1, 4.коло

Вардар жени – Наковски волеј 3:2 (17:25, 25:14, 25:16, 18:25, 15:10)
Работнички Скопје – Струмица жени 3:0 (25:18, 25:12, 25:20)
Виктори волеј – Јанта волеј Форца 0:3 (19:25, 14:25, 7:25)

Прва лига (жени), Втора фаза-2, 4.коло

УГД Студент жени – Универзитет во Тетово 3:1 (25:16, 22:25, 25:23, 25:16)
Бами Кор – Ускана 0:3 (16:25, 8:25, 21:25)
Пелистер волеј – Македонија Макс (11.март)

Start a Conversation

Your email address will not be published. Required fields are marked *