Терзиевска и Митев ја претставуваа македонската одбојка на семинар на ЦЕВ

 

Двајца македонски тренери, Емилија Терзиевска и Александар Митев, учествуваа на денешниот интерент семинар за одбојкарски стратези од континентот организиран од Развојниот одделот на ЦЕВ. Настанот беше во рамки на училиштниот проект на Европската одбојкарска конфедерација во чијашто имплементација во текот на оваа сезона учествува Одбојкарската федерација на Македонија. Насловот на овој таканаречен вебинар беше „Креативност во вежбите“, а предавачот Крис Де Лус од Белгија на дваесетина тренери, коишто работат со младите категории, луцидно им пренесе тренинг-сегменти со користење едноставни помагала од секојдневниот живот. На овој начин учесниците на семинарот беа запознати со вежби коишто можат да им ги пренесат на младите одбојкари и одбојкарки во периодот на коронавирусот, кога спортските сали не се достапни за работа.

„Интернет семинарот беше масовен, со вклученост на претставници на многу земји и со содржајни прашања. Во мое и во име на колегата Митев, сакам да изразам благодарност до предавачот Де Лус за успешното и едукативно предавање, во коешто со интересни видео материјали ни даде видување за начинот на одржување на тренинзите по одбојка во училиштата. Исто така, му должиме благодарност на ЦЕВ, особено на одделението за развој во коешто работи нашиот поранешен одбојкарски репрезентативец Вук Карановиќ. Со нетрпение го очекуваме следното предавање со нови теми во рамки на училиштниот проект на ЦЕВ“, нашата тренерка Емилија Терзиевска ги пренесе искуствата од денешниот настан.

 

Поради откажувањето на тренерската конвенција во Крањска Гора планирана за овој месец, Техничкиот и Развојниот оддел на ЦЕВ и Европската тренерска комисија ќе реалзиираат уште три вакви интернет семинари, сите во четвртоците до крајот на јуни. Нареден предавач ќе биде Србинот Андреја Гериќ, потоа Французинот Никола Саурбре, а на крајот повторно на сцена ќе стапи Белгиецот Де Лус.

 

Како партнер во училиштниот проект на ЦЕВ, Одбојкарската федерација на Македонија претходно организираше 11 масовни тренинзи во неколку градови. На нив, основните елементи на играта ги открија одбојкари и одбојкарки во почетна фаза на тренажниот процес.

Start a Conversation

Your email address will not be published. Required fields are marked *