Одбојката е спорт за сите!

 

Одбојката е спорт за сите! Тоа беше мотото на Французинот Никола Саурбре на третиот од четирите таканаречени „вебинари“, односно интернет семинари на коишто учествуваат тренери на деца на почетно ниво на тренажниот одбојкарски процес. Како и претходно кога предавачи беа Белгиецот Крис Де Лус и Србинот Андрија Гериќ, македонски претставници беа координаторката за женска одбојка кај нас, Емилија Терзиевска, како и тренерот во ОК Наковски волеј Александар Митев.

Саурбре, кој по завршувањето на играчката кариера продолжи да работи како тренер, а во исто време е и технички директор во Одбојкарската федерација на Франција, нагласи дека почетниците ги прават истите грешки независно од тоа на која возраст почнуваат да тренираат одбојка. Затоа, францскиот тренер го пренесе ставот дека е значајно да се има фокус на тоа што го прави играчот пред да ја допре топката. Саурбре смета дека прилагодувањата како пониска мрежа, скратување на теренот или намалување на бројот на играчи не е секогаш добар пристап затоа што не овозможува подолги поени, туку најчесто асови или директни грешки, а како резултат на тоа нема вистинска игра, ниту движење што доведува до помала мотивација кај играчите. Прикажувајќи седум видеа со вежби во различни квалитатовни нивоа, Саурбре ја заврши својата презентација со пример како да се модификуваат турнирски натпреварувања за помлади категории.

 

Развојниот оддел на ЦЕВ ќе организира уште еден тренерски семнар наредниот четврток, а и тој ќе биде дел од училиштниот проект на европско ниво во којшто минатите месеци партнер беше и Одбојкарската федерација на Македонија. Терзиевска и Митев повторно ќе имаат можност да разменат искуства со Белгиецот Де Лус.

Start a Conversation

Your email address will not be published. Required fields are marked *