Терзиевска и Митев уште еднаш присуствуваа на интернет семинар на ЦЕВ

 

Белгиецот Крис Де Лус го одржа последниот, четврти таканаречен вебинар, интернет семинар организиран од Развојниот оддел на ЦЕВ во рамки на училиштниот проект во којшто партнер е и Одбојкарската федерација на Македонија. Како и на претходните три предавања, наши претставници беа координаторката за женска одбојка кај нас, Емилија Терзиевска, како и тренрот во ОК Наковски волеј Александар Митев.

Во обраќањето до дваесетина тренери и наставници коишто работат со деца на почетно ниво на тренинг, Де Лус апелираше неговите колеги да се обидат да го прилагодат пристапот за одбојкарските почетници да можат да се забавуваат. Тој иновативен пристап може да содржи вежби еден на еден, два на два, три на три и четири на четири, со цел младите одбојкари и одбојкарки да имаат што поголем контакт со топката, да се движат што повеќе, нивниот фокус да биде максимален, како и да ја развиваат комуникацијата во играта. Де Лус презентираше пример на одбојка во Кина со деветмина на теренот, како и натпревари со петмина од една страна на мрежата притоа користејќи алтернативни топки, само за да се внесе иновација во тренажниот процес, а со тоа да се разбуди мотивот на децата да играат одбојка. Според Де Лус, тренерите и наставниците по физичко образование треба да ги адаптираат вежбите на возраста на одбојкарите и на одбојкарките, а не на степенот на нивна подготвеност и знаење. Креативниот белгиски стручњак посочи различни помагала коишто можат да се користат на тренинзите и ги советуваше колегите да ги користат вежбите временски што подолго, а тоа е можно само доколку нивното ниво се прилагоди на степенот на одбојкарски развој на децата.

 

Претходно, на дваесетина тренери и наставници од сите краеви на Европа, покрај Де Лус предавања им одржаа и Србинот Андрија Гериќ и Французинот Никола Саурбре. Серијата од четири интеренет семинари беше замена за тренерската конвенција којашто ЦЕВ ја закажа во Крањска Гора, а беше откажана поради пандемијата со коронавирусот.

Start a Conversation

Your email address will not be published. Required fields are marked *