ОФМ ќе организира квалификациски турнир за ЕП 2021

 

ЦЕВ го објави календарот за квалификациите за Европското првенство 2021. Натпреварите во групата “Це”, во којашто се македонските репрезентативци, се закажани за јануари. Поради пандемијата, наместо шест средби според принципот “секој со секого, дома и на гости”, ќе има два турнира, првиот во Данска од 7-10, а вториот кај нас од 14-17 јануари.

Во групата се и Турција и Босна и Херцеговина, а пласман на континенталниот шампионат ќе обезбедат првопласираните селекции, како и најдобрите пет второпласирани од седумте квалификациски групи. Според рејтингот и квалитетот, македонскиот национален тим има реални шанси вторпат да се најде во европската елита. На дебито во Љубљана минатата година, црвено-жолтите остварија две победи на пет натпревари, а со тоа оставија одличен впечаток.

Start a Conversation

Your email address will not be published. Required fields are marked *